Преглед на пријава #7930



Пријава
12.10.2016 во 09:41:18

Ве молиме за интервенција од општинските инспекциски служби за кучиња скитници кои во голем број се собрани околу плоштад „ 29-ти Ноември “.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
09.11.2016 во 20:30:50

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Општина Струмица работи според законска регулатива во која децидно е опишана законската постапка за хуман третман на кучињата скитници. На територијата на Општина Струмица во континуитет се врши хуман третман на кучињата скитници според Законот за заштита и благосостојба на животните.По истек на договорот со досегашниот ангажиран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници,согласно Закон од страна на општина Струмица е отпочната постапка на распишување на тендер за ангажирање на лиценциран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници, и по завршувањето на законските пропишани процедури, општина Струмица ќе продолжи со давањето на оваа комунална услуга. По заловувањето на кучињата скитници се вакцинираат против беснило, се врши дехелмитизација, се обележуваат со ушни маркички и се чипираат.Според законот, откако ќе се изврши сето тоа кучињата се транспортираат до местото на заловување и се пуштаат.Секое куче има пасош кој се наоѓа во одделението за инспекциски работи при општина Струмица и сите граѓани заинтересирани за вдомување на вакви кучиња можат да се пријават во ова одделение.Не помалку важно е и планирањето и обезбедувањето на буџетски финансиски средства за реализација на гореопишаната законска постапка, (а кои средства не се мали) кои на предлог на Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, со Одлука ги донесува Советот на Општина Струмица. На крајот, Ве информирам дека Вашата пријава ќе биде проследена до надлежните инспекциски служби при општината. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад