Имате идеа, сугестија или проблем ! Мислите дека нешто може да се подобри, уреди или поправи? Сте забележале дека уличното осветлување е исклучено, сакате да пријавите оштетена урбана опрема, непријатана миризба, несовесно постапување со комунален отпад, дефект на водоводната или канализационата цевка... Добредојдовте во општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми СИСТЕМ 48. Систем 48 е информациски, интерактивен систем на јавно достапните услуги на општина Струмица, кој предвидува решавање на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа. Систем 48 е лидерска стратегија која му овозможува на Градоначалникот, да ги следи, промовира, анализира, дијагностицира и подобрува резултатите создадени од секоја општинска служба. Целта на воведувањето на СИСТЕМ 48 е зголемување на транспарентосноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми. Нашите оперататори ќе го проследат Вашето барање до надлежните општински служби а во рок од 48 часа ќе добиете одговор, конечно решение или поведена постапка за решавање на вашето барање. Ако вашата пријава е доставена во работен ден до 16 часот, по истата ќе се постапи веднаш. Доколку пријавата е доставена после 16 часот или во неработен ден истата ќе биде проследена до надлежните општински служби во текот на следниот работен ден. Општина Струмица е посветена на рационално трошење и користење на расположливите ресурси. Токму поради тоа, доколку решавањето на определна пријава во рок од 48 часа е финансиски нерационално истата ќе биде решена во временски период подолг од 48 часа. Забелешка: Систем 48 не ги заменува управните постапки предвидени со закон. |
Видови на проблеми: 1. Улично осветлување Статус на пријавени проблеми: • Решено Јануари 2012 Март 2012 |