Преглед на пријава #7878



Пријава
03.10.2016 во 01:37:39

На Улица Дојранска, пред куќа број 5 се наоѓа дрво вид липа од кое поголемиот дел од стеблото е надвор односно на крајот од тротоарот и асфалтот е веќе подигнат од корените на истото.За овој проблем и усно е пријавено меѓутоа е објаснето дека е младо дрво. Имајќи го во обзир фактот дека до дрвото на околу пола метар има и бетонски столб на ЕВН, прегледноста како за пешаците така и за возилата е намалена.Сакам да нагласам дека ова е единствено дрво на улицата.

Статус: Решено
Тип на пријава: Паркови и зеленило
Одговор
11.11.2016 во 16:28:36

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:Кроењето на дрвото липа од горенаведената локација е завршено.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад