Преглед на пријава #7870



Пријава
29.09.2016 во 15:58:10

Почитувани, Ве молиме доколку сте во можност да интервенирате до надлежните служби за заловување на кучиња скитници кај пазарот „ Чешел “. Кучињата се собрани во поголем број, агресивни се и ги напаѓаат минувачите. Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
03.10.2016 во 21:44:19

Почитувани, Во врска со добиената пријава, која се однесува за кучиња скитници, кај пазарот „ Чешел “, Ве известуваме дека по истек на договорот со досегашниот ангажиран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници,согласно Закон од страна на општина Струмица е отпочната постапка на распишување на тендер за ангажирање на лиценциран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници. По завршувањето на законските пропишани процедури, општина Струмица ке продолжи со давањето на оваа комунална дејност. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад