Преглед на пријава #7526



Пријава
10.08.2016 во 01:49:54

Минатата недела во с. Вељуса поточно горе на манастирот имаше гости - странски туристи кои за среќа до таму стигнаа со такси превоз. На враќање луѓето за малку ќе се угушеа од смрдеата што се шири од свињарник во кој се чуваат барем 7-8 свињи (во густо населено место). Во земја пропаднав кога поминавме низ местото каде што се шири одвратна смрдеа на неисчистени кочини. Како може Општина Струмица да си дозволи такво нешто? За срамота е - гледам си пријавувате сами проблеми за да добивате на бројка. Дали некој смее да чува добиток кој според бројот на свињите не е за домашни потреби туку за продавање? Еве ви линк од неколку фотографии од местото. За проблемот и Вашиот одговор ќе биде запознаен и МВР и ОЈО. Срамота! https://drive.google.com/folderview?id=0B9PR2bj2Cx3aQ2dZUU83UGVkY2M&usp=sharing

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
12.08.2016 во 19:14:53

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за неподносливата смрдеа која се ствара од одгледување на свињи во с.Велуса, Ве известуваме дека согласно Законските овластувања по кој постапува комуналниот инспектор при општина Струмица има преземено соодветни законски мерки за решавање на настанатиот проблем.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад