Преглед на пријава #7374



Пријава
19.07.2016 во 13:45:49

Почитувани,повеќе граѓани од Општина Струмица имаме предлог(барање),до вас.Барањето се однесува за големиот број на кукчиња на приватни сопственици, кои без соодветна опрема и грижа за нив ги оставаат самостојно да се движат по зелената површина(паркот),по кое што се движат и помали деца и предизвикуваат страв од истите.Ве молиме како Општина барем во летниот период да го регулирате овој проблем, кој ги засега повеќето родители од нашава Општина.Однапред благодарни на вашиот позитивен одговор од група граѓани.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
22.07.2016 во 19:26:26

Почитувани, Во контекст на добиената пријава, која се однесува на одгледување на домашни миленици и начинот на постапување со нив при прошетка низ Градскиот парк, Ве известуваме дека согласно законските надлежности по кој постапува комуналната инспекција,истата континуирано превзема превентивни мерки, односно во повеке наврати досега има укажувано и вршено едукација на сопствениците на домашни миленици(кучиња) кои се затекнати како без соодветна подготовка ги шетаат своите миленици на подрачјето на град Струмица. Согласно дадената сугестија од страна на пријавителите, Ве известуваме дека во наредниот период ке се изготви план и распоред за вршење на почести контроли во Градскиот парк, во контекст на решавање на овој проблем.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад