Преглед на пријава #7342



Пријава
14.07.2016 во 11:28:22

Почитувани,повеќе граѓани од ул."Плоштад 29-ти Ноември"(непосредна близина на бунарот) имаме барање до градоначалникот на Општина Струмица за поставување на рефлектор,бидејќи веќе поставените уличните светилки се постојана мета на некои граѓани. Поради тоа сметаме дека со поставување на рефлекторот ќе го намалиме негативното и неодговорното однесување на повеќето граѓани на наведената локација кои што занемарувајќи ја својата граѓанска одговорност,намерно ги кршат веќе поставените светилки. Затоа сметаме дека најдобро решение ќе биде поставувањето на рефлектор.Однапред благодарни на вашиот позитивен одговор. Со почит, Група граѓани од ул."Плоштад 29 Ноември".

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
31.08.2016 во 17:49:40

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:ЈП,,Паркиралишта Струмица,, има спроведено тендерска постапка за набавка на потребните материјали, во која постапка е планирано набавка на улични светилки за кои веќе имате пријавено. Времетраењето на самата законска постапка за набавка на материјалите ЈП,,Паркиралишта Струмица,, не може да го предвиди , имајќи го во предвид фактот дека во самиот процес се вклучени и други државни институции брз основа на чии повратни одговори ЈП,,Паркиралишта Струмица,, ги прави понатамошните административни чекори. Вашата пријава е повеќе од оправдана каков што е напорот на одговорните лица од ЈП,,Паркиралишта Струмица,, Ви благодариме на разбирањето и користењето на Систем 48.

Назад