Преглед на пријава #6983



Пријава
25.05.2016 во 12:23:39

Почитувани, поголема група на граѓани се обраќаме до Општина Струмица за итно решавање на проблем предизвикан од несовесни граѓани, кои го оставаат својот смет на неадекватен простор поради кои се има појавено депонија, што се наоѓа на влезот на населено место Куклиш новата улица десно пред фирмата Фалком.Ве молиме за ваш увид,интервенција и решавање на овој проблем кој ја загрозува животната средина во која живееме.Однапред благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
27.05.2016 во 19:41:21

Почитувани, Овластениот инспектор за животна средина по службена должност, и по Пријава на Систем 48 од 25.05.2016г. Од Група граѓани од с. Куклиш на ден 27.05.2016г изврши увид на лице место на пријавената локација при што е констатирано дека постои измешан отпад од растителни остатоци и отпад од градежен материјал . Посочена локација не е наменета за депонирање на таков вид на отпад.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад