Преглед на пријава #6870



Пријава
06.05.2016 во 14:48:48

Почитувани, Поради активност на екипите од фирмата Жикол, се појави проблем во населено место Добрејци ( поточно на улицата кај продавницата Сани пром ). Имено се работи за ударни дупки кои се имаат појавено како резултат од поставување на канализациона мрежа, па Ве молиме истата ако може да се санира за да не предизвика поголема штета од веќе постоечката. Однапред Ви благодариме.Група граѓани од населено место Добрејци.

Статус: Решено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
06.05.2016 во 19:50:35

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за санирање на ударни дупки кој се имаат појавено како резултат од поставувањето на канализационата мрежа во с.Добрејци пред продавницата Сани Пром Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица на ден 06.05.2016 год. има извршено увид и констатира дека истите се санирани. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад