Преглед на пријава #6645



Пријава
01.04.2016 во 09:54:11

Ве молам за итна интервенција на општински инспекциски служби на просторот до стамбена зграда на ул." Ѓорѓи Василев" бр.42, се работи за проблем со неодржувањето на самиот простор исполнет со вода (жаби и секаков друг вид на водни животни и е во состојба на мучуриште претставува закана по животите на сите граѓани на тој дел од градот, бидејќи не само што се шири непријатен мирис, туку и од самиот звук кој го создаваат е повеќе од вознемирувачки не сме во состојба да ги отвориме прозорците. Ве молам за итна интервенција.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
01.04.2016 во 19:37:58

Почитувани, Во врска со добиената пријава од Ваша страна која се однесува за просторот околу Вашата зграда која се наога на ул.Горги Василев бр.42 Ве известуваме следното : Просторот околу Вашата зграда според ДУП на општина Струмица предвидено е колективно домување каде има девијантна појава на површински води кој се многу високи, а самиот терен нема решено одводнување на атмосфрски води. Кога ке се реализират градбите наведениот проблем ке биде решен.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад