Преглед на пријава #6470



Пријава
04.03.2016 во 13:49:18

Почитувани,ве молиме ако сте во можност да испратите екипа на ул."Маршал Тито"(поточно на Топчето кај кебапцилницата Центар),поради активност на екипи на гасификацијата од која се има појавено поголема ударна дупка,причина за реакција на повеќе граѓани.Однапред ви благодариме.

Статус: Решено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
07.03.2016 во 15:38:10

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Струмица Гас на ден 04.03.2016, интервенираше на горенаведената локација, ударната дупка е асфалтирана. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад