Преглед на пријава #6414



Пријава
01.03.2016 во 10:20:30

Почитувани, ве молам да испратите општински инспекциски служби по барање на повеќе граѓани кои живеат на ул." Сава Ковачевиќ" бр.11 со ул"11 Октомври", имено се работи за проблем со узурпација на тротоар од страна на изведувач на повеќе временски градежни активности на горенаведената локација, исто така би сакал да замолам во името на повеќе граѓани на таа локација да се утврди и објасни поставувањето на двете бандери исто така од горе споменатиот изведувач (бетонска и дрвена) поради кои не сме во можност да влеземе во нашите куќи бидејќи се на самиот сокак. Ве молам за ваша интервенција. Однапред благодарни група на граѓани на гренаведената локација.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
01.03.2016 во 18:22:15

Почитувани, Во врска со добиената пријава на ул.Сава Ковачевик бр.11 која се однесува за узурпација односно оставен градежен материјал на дел од тротоарот Ве известуваме дека на ден 01.03.2016год.комуналниот инспектор изврши увид на сторителот му е усно укажано за неправилностите. Градежниот отпад во најкраток можен рок ке биде отстранет.

Назад