Преглед на пријава #6169



Пријава
26.01.2016 во 13:04:38

Почитувани, Веќе подолг период во населено место Костурино(пред Домот лево на улицата),се соочуваме со проблем предизвикан од еден од соседите,кој живее исто во населеното место Костурино.Имено се работи за узурпирање на простор надвор од неговиот двор( столбови и мрежа),кој е пречка на сите нас граѓаните во населеното место Костурино.Ве молиме за интервенција.Однапред благодарни,група од граѓани од горе наведеното населено место.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
25.02.2016 во 19:56:40

Почитувани, Ве известуваме дека по добиена пријава која се однесува на узурпирање на јавен простор, градежен инспектор од одделението за инспекциски работи при општина Струмица има извршено увид на дадената локација во пријавата. Поради тоа што лицето кое го има извршено оградувањето на просторот е моментално недостапно за постапување, бидејќи е на привремена работа во друга држава, постапката ќе се спроведува согласно на тоа.

Назад