Преглед на пријава #6121



Пријава
14.01.2016 во 11:46:34

Почитувани, Веќе подолг период на ул."Васил Сурчев"(позади Тинекс)се соочуваме со проблем предизвикан од еден од соседите кој живее во непосредна близина. Имено се работи за несовесно оставен градежен материјал кој го окупира просторот наменет за пешаците и за сите граѓани на Општина Струмица. Ве молиме за интервенција и указ на истото лице. Однапред благодарни група на граѓани на горенаведената улица.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
26.01.2016 во 20:22:11

Почитувани Во врска со добиената пријава која се однесува на оставени стари предмети од вршење на дејност на јавна површина од страна на лицето Митко Вампирџиев, оставени на јавна површина паркинг на ул."Васил Сурчев", ве известуваме дека согласно законските прописи по кои постапува комуналната инспекција,се превземени превентивни мерки, со цел отстранување на настанатите неправилности.

Назад