Преглед на пријава #5996



Пријава
17.12.2015 во 14:37:17

Почитувани, Повеќе граѓани од Општина Струмица имаме прашaње до вас:Кога ќе се интервенира по однос на поставените маси на повеќето кафулиња како што се:PR,QEpasa,19,Vog итн.Истите имаат поставени маси на растојание кое што според нас граѓните не е предвидено за узурпација на шеталиштето(корзо).Однапред благодарни на вашиот одговор-повеќе граѓани на Општина Струмица.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
08.07.2018 во 15:30:02

Почитувани, Во однос на добиена пријава од група граѓани доставена до одделението за инспекциски работи при општина Струмица преку Систем 48, која се однесува на поставување на урбана опрема (маси и столови) од страна на повеќе угостителски субјекти кои гравитираат на улица Благој Јанков Мучето и улица Јосив Јосифовски Свештарот, ве известуваме дека согласно плановите и динамиката на работа на комуналната инспекција live football scores во текот на цела година се врши редовен инспекциски надзор врз овие субјекти, со цел да се спречи озурпација на јавната површина наменета за непречено движење на пешаците. Земајки ги во предвид последните извршени контроли, ве известуваме дека нема констатирано нарушување на слободното движење на пешаците и узурпирање на јавната површина наменета за тоа.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад