Преглед на пријава #5613



Пријава
15.10.2015 во 13:10:44

Почитувани, Повеќе време се соочуваме со проблем за кои што се надеваме дека вие вработените во Систем 48 ќе изнајдете решение или ќе не упатите до конкретната служба за решавање на истиот.Ќе бидам многу краток во врска со проблемот, бидејќи зборови не се потребни сликата кажува се.Се работи за ул.."Моноплска"бр13, добро позната (eгејска куќа, во неа се сместени повеќе станари,но еден од станарите си дозволува за право да чува разни видови на животни, од нив се шири непријатен мириз,се испуштат звуци и е жива нечистотија, не само за нас туку и за целата околина во која што живееме.Кон оваа пријава би сакал да додадам уште нешто,се работи за повеќе полски вециња исто така сместени на таа локација со исти својства од погоре наведените(мирс,нечистотија) итн.Ве молиме од името на повеќе граѓани на оваа улица да се превземат сите можни мерки за итно решавање на овој проблем. Однапред благодарни група на граѓани од Егејска зграда.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
27.10.2015 во 19:38:50

Почитувани, Ве известуваме дека во врска со добиената пријава која се однесува на одгледување на перната живина (кокошки) на ул.Монополска бр.13, Комуналниот инспектор согласно своите законски надлежности има поведено инспекциска постапка против физичко лице со адреса на живеење на улица Монополска бр.13 во месец Септември 2015 година, односно по донесено Решение за отстранување на утврдени неправилности, лицето постапило по истото, односно извршило дислокација на пернатата живина од дворното место. Во контекст на претходно искажаното, веднаш до куќниот број 13 на ул.Монополска е констатирано дека има и одгледувач на гулаби. Согласно одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување на територијата на Општина Струмица одгледувањето на гулаби во градежниот опфат на град Струмица е дозволено. Во поглед на непријатната миризба која се споменува во барањето како и одржувањето на чистотата во дворното место ве упатуваме да се обратите до овластениот инспектор за животна средина при Општина Струмица. Ви благодариме за користење на Систм 48.

Назад