Преглед на пријава #5596



Пријава
13.10.2015 во 14:52:11

Почитувани, Повеќе време сте запознаени со проблем во врска со водата која што истекува од ул."Бетовенова"до ул."Спиро Захов"истата е нечиста,од истата се шири непријатна миризба,се создраваат несоодветни материи(бактерии),причинители за заразни болести.Ве молиме од името на повеќе граѓани засегнати од овој проблем да изнајдете решение во најкраток можен рок, за да се спречат несаканите последици и од нашиот револт.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
14.10.2015 во 15:54:42

Почитувани, Oвој проблем е од поодамна.ЈКПД Комуналец има направено времено решение кое функционира,но заради конфигурацијата на теренот и честото оштетување на патот кој се користи доаѓа многу често до пренасочување на водата надвор од сливната решетка.Наши екипи повеќе пати интервенираа за повторно оспособување,но многу брзо се оштетува сливот и повторно течат водите кон "Бетовенова"и "Спиро Захов".Во тек се планирањата за отпочнување на работите за изведба на канализација према патот за турските гробишта и со тоа треба да се реши конечно овој проблем.Тие работи се предвидени да се завршат до крајот на оваа година.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад