Преглед на пријава #4914



Пријава
12.06.2015 во 16:58:23

Почитуванi, сакам да Ве прашам кога мислите да направите дератизација на шахтите во градот, бидејќи има маплив на глодари(глувци големи како мачки). Ве молам за брза интервенција додека не е направена некоја поголема штета и ширење на зараза. Забележени се огромен број на глодари на ул. Младинска, Борис Попдимитров, Тимо Тренчев. Сакам и повратен одговор бидејќи сам веќе имам истрошено повеќе пари за отров.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
22.06.2015 во 13:18:38

Почитувани, Дозволете да Ве информираме во врска со прашањето кое го имате упатено преку Систем48, а во врска со појавата на глодари. Советот на Општина Струмица на одржаната седница на 07.05.2015 г.на една од точките од дневниот ред, има донесено Одлука за усвојување на Акциониот план за ставање под контрола на вектор-преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки. Според законската регулатива, Општина Струмица благовремено има покренато постапка за прибирање на понуди за набавка на услуги - теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција и дератизација на шахти на територијата на општина Струмица. Постапката за избор на најповолен понудувач за услугата е во финална фаза (во согласност со законските рокови кои морат да бидат испочитувани) и тече периодот на жалбената постапка. По завршувањето на задолжителниот рок, ќе биде потпишан договорот со најповолниот понудувач, кој понудувач ќе ја има обврската да изврши дератизација во сите шахти во општината. Веднаш штом ќе започне акцијата од страна на избраниот правен субјект, јавноста и граѓаните на општина Струмица ќе бидат известени. Заблагодарувајќи Ви се на соработката, Ви благодариме што го користите Системот48.

Назад