Преглед на пријава #4724



Пријава
20.04.2015 во 10:15:02

Во името на станарите кои живеат во соседните куќи на Вила Парк ви се обраќаме поради необезбеден паркинг за гостите од наведеното правно лице. Имено поради тоа нашите влезови најчесто за викендите се блокирани,па не можеме со автомобилите да излеземе од сопствените дворови или ако си излезен да влезеш во својот дом не постои никаква веројатност, а не дај боже да треба да дојде болничка кола или противпожарна служба ако евентгуално треба. Кажано на кратко се е парализирано best football tips for today дури и паркираните возила самите се блокирани поради што во доцните ноќни часови има невидена галама поради која не се спие, а на тоа после се надополнува галамата од фрлањето стаклена амбалажа од страна на вработените во 2-3 часот со што мирот пак е нарушен, па нема можност за спиење бидејќи во тишината се слуша силен одек од стаклената амбалажа . Најчесо хаосната состојба есколира кога има свадби или за викендите.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
08.07.2018 во 15:10:45

Почитувани Во врска со добиената пријава која се однесува за улицата која води до ресторан Вила Парк, се срекавате со проблем за Ваше паркирање односно излегување и влегување во Вашите домови Ве известуваме следното: Комуналниот инспектор и инспекторот по патен сообракај при општина Струмица во рамките на своите надлежности а во врска со наведениот Ваш проблем неправилно паркирање немаат надлежност, Ве замолуваме да се обратите до МВР Струмица сектор сообракај. Ви благодариме за користење на Систем 48

Назад