Преглед на пријава #4361



Пријава
26.01.2015 во 10:24:34

Ве молам за интервенција на општинските инспекциски служби на ул."Гоце Делчев" бр.40, за контрола на непријатниот мирис кој се шири секојдневно од кебапчилницата во непосредна близина и дали е во согласност со законските норми.Однапред благодарни.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
08.07.2018 во 15:39:25

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за непријатната миризба од кебапчилницата на ул.Гоце Делчев бр.40 Ве известуваме следното: Инспекторот за животна средина при општина Струмица, има извршено инспекциски увид на ден 20.02.2015год, со записник за констатација Ип.бр.26-102 има констатирано дека правниот субјект ДПТУ КОЦЕВИ М-69 ДООЕЛ. поставил нов оџак кој е повисок од околните објекти, има betting tips поставено и заштитна платформа на самиот оџак,се со цел непријатната миризба да биде со помал интензитет во непосредната околина.Постапил согласно чл.201 од Законот за животна средина (Сл.Вес.53/05 ).

Назад