Преглед на пријава #4284



Пријава
30.12.2014 во 13:47:41

Почитувани, имам барање до вас за пренасочување на истекот на септичка јама во населено место Банско к.бр.200.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
08.07.2018 во 15:32:22

Почитувани, Во врска со добиеното Барање кое се однесува за пренасочување на јама во с. Банско бр.200 Ве известуваме следното: Комуналниот инспектор при Општина Струмица, на ден 12.08.2014 има излезено на лице место и со записник ИП1 бр 25-562 има констатирано дека лицето кое живее на овој куќен број има потреба да направи нова септичка јама, поради тоа што старата јама го нема потребниот капацитет. Комуналниот инспектор го има задолжено лицето со Решение ИП1 бр 25-562 од 15.08.2014 год, во кое има дадено рок од 45 дена за изградба football dropping odds на новата јама. По истекот на дадениот рок, на ден 07.10.2014 год, комуналниот инспектор изврши контролен увид и состави контролен записник ИП1 бр.25-562 во кој утврди дека лицето има постапено по донесеното решение односно има изградено нова септичка јама која е изградена согласно пропишаните норми. Во однос на законските надлежности на комуналниот инспектор овој предмет е затворен. Доколку засегнатата страна мисли дека му се причинува материјална штета, го упатуваме да се обрати до надлежниот суд. Ви благодариме за користење на Систем 48

Назад