Преглед на пријава #3684



Пријава
14.08.2014 во 10:55:18

Почитувани, не знам по кој пат пријавувам во врска со проблем кој постојано се појавува на ул."4 Јули" непосредна близина на Глобал. Имено се работи за дивите продавачи на овошје кои секојдневно се пред нашата стамбена зграда, продаваат а исто така по звршетокот на денот сметот го оставаат пред зградата или го фрлат во нашите подруми. Навистина Ве замолувам за реакција бидејќи сепак е центар на градот и остава грда слика и впечаток за градот. Однапред благодарни на Вашата интервенција и поткрепена помош. Со почит. Група на станари.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
14.08.2014 во 14:44:22

Почитувани, Во врска со добиената пријава на ул."4ти Јули" која се однесува за продавачите земјоделски производи на јавна површина, Ве известуваме дека комуналните инспектори при општина Струмица во рамките на своите овластувања имаат изречено голем број на мандатни казни. Поголеми овластувања имаат други инспекции. Контролата од наша страна продолжува и понатаму. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад