Преглед на пријава #3665



Пријава
11.08.2014 во 23:58:08

Живеам на ул. ,,Крушевска Републик' бр. 90 и пријавувам фекална канализација која тече низ поројот ,а тече под мостот на кружниот тек. Овој проблем со канализацијата веќе трае со години. Имам пријавувано повеќепати ,но овој проблем сеуште не е решен. Во 21-ви век е срамно да тече канализација низ улицата. Однапред ви благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
20.08.2014 во 09:42:26

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Во поројот Крушевска Република се вливат само атмосферски води од канализациониот систем на градот. Ако постои некакво истекување на фекална канализација тоа е заради што некој од корисниците се имат поврзано директно во атмосферската канализација и од време на време испуштат неконтролирано фекални води во атмосферска канализација. Тоа е тешко да се открие, односно да се пронајде и да се исклучи тој корисник. Но при секое сознание за таков корисник ние интервенираме и ги исклучуваме од атмосферските канализации, такви примери има токму на линии кои се вливат во Кр.Република. Се надеваме дека и од ваши сознанија и со наша контрола ке можеме да откриеме и да го решиме и вашиот проблем. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад