Преглед на пријава #3531



Пријава
16.07.2014 во 13:30:24

Почитувани, група на граѓани од населено место Градско Балдовци имаме барање до Вас, имено се работи за неколку свињарници изградени кај училиштето и игралиштето, од истите се шири непријатна миризба. Ве молиме да превземете нешто бидејќи навистина се загадувачи на воздухот во оваа место.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
18.07.2014 во 08:47:17

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за непријатната миризба од повеке свињарници во с. Градско Балдовци во близина на школото , Ве известуваме дека овлстениот инспектор за животна средина при општина Струмица има излезено на лице место и констатира дека се работи за свињарник со две свињи и една коза, се одгледуват чисто и уредно, нема непријатна миризба. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад