Преглед на пријава #2854



Пријава
17.01.2014 во 12:20:32

Почитувани, не бев сигурна до кои служби би требало да се обратам за решавање на мојот проблем, меѓутоа се надевам дека Вие ќе ми дадете одговор или пак ќе ми помогнет истиот да го решам. Имено се работи за стар автомобил кој не се користи меѓутоа веќе неколку години го узурпира тротоарот на ул."Наум Наумовски Борче" бр.42 и бр.44.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
21.01.2014 во 10:56:25

Почитувани Во врска со пријавата која се однесува за паркираната кола на ул. Н.Н.Борче Ве известуваме дека комуналниот инспектор излезе на лице место по втор пат , констатира дека колата не е хаварисана што значи не е во надлежност на комуналниот инспектор ,можете да се обратите до МВР-Струмица за непрописно паркирање. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад