Преглед на пријава #2592



Пријава
01.11.2013 во 08:34:51

Сакаме да прашаме кога ќе го соберат ѓубрето од село Дабиле, во целото село контењерите се полни со ѓубре и околу нив има многу многу ѓубре и веќе почнува да се шири неподнослива миризба. Повеќе од 2-3 недели ѓубрето не е соберено.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
06.11.2013 во 16:17:53

Почитувани, Отпадот од населеното место Дабиље е подигнат на ден 3.11.2013 г. и тоа само околу контејнерите додека отпадот од пред самите куќи ќе биде подигнат најкасно до 6.11.2013 г. До застој со редовното собирање на отпадот од сите 5 населени места дојде како резултат на поголем дефект на две возила за собирање на отпад. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад