Преглед на пријава #2417



Пријава
12.09.2013 во 15:43:56

Почитувани, би Ве замолиле доколку сте во можност да ни помогнете во решавање на проблем кој почесто се појавува на ул."Мирче Ацев" бр.18. Имено се работи за напуштен плаца до самата куќа на кој се фрла смет од најразновиден вид од страна на група несовесни граѓани во непосредна близина на истиот. Ве молиме да превземете нешто бидејќи е навистина грда слика не само за минувачите туку и за нас кои живееме во негова близина. Однапред благодарни.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
24.09.2013 во 16:44:55

Почитувани, Во врска добиената пријава што се однесува за ул."Мирче Ацев" 18,Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица ги има преземено сите мерки во рамките на своите овластувања. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад