Преглед на пријава #2322



Пријава
13.08.2013 во 11:01:03

Почитувани, некое време се соочуваме со овој проблем во населеното место Куклиш, поточно на самиот центар во непосредна близина на трансформаторот се наоѓа контејнер, но наместо сметот и отпадот да се фрла во него истиот е расфрлен по целата улица од непознати сторители, тоа се случува неколку пати и е навистина грда слика за сите жители од ова населено место, би Ве замолиле доколку сте во можност да испратите служби кои ќе најдат решение за овој проблем доколку пак немаат би Ве замолиле за дислокација на контејнерот и поставување на помали корпи за смет со цел трајно решавање на овој проблем. Однапред благодарни.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
14.08.2013 во 14:04:48

Почитувани, Во врска со пријавата добиена која се однесува за во с.Куклиш, за расфрлениот смет, Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица има излезено на лице место и ги има преземено сите мерки во рамките на своите овластувања. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад