Преглед на пријава #2311



Пријава
08.08.2013 во 19:15:10

Почитувани.Од десната страна на главниот асвалтен пат во с.Дабиле влегувајки од правецот Струмица-Дабиле постои убаво направен тротоар со бекатон плочки.Мегутоа при врнежи од дожд и при топенјето на снег од десната страна покрај тротоарот се ствара река од вода која нема каде да истекува,а за тоа придонесува и закосената асфалтна поврсшина на патот кон десната страна. Бидејки не постојат шахти за атмосферски врнежи,предлагам на места каде што стручните служби ке оценат ,да се стават цевки под тротоарот и водата да истекува директно во бетонираната селска вада која е на 1.5 метри од ивицата на асвалтираниот пат.Со тоа ке се реши истекуванјето на водата директно во реката. Собиранјето на водата на патот инаку предизвикува проблеми во сообракајот и прсканје на граганите со вода кои се движат по тротоарот од големиот број на моторни возила.Тоа е особено опасно при оденјето на децата во уцилиште. Фактичката состојба може да се констатира при првите посилни врнежи.Сите грагани а поготово оние кои живеат од десната страна на патот ке ви бидат многу благодарни.Со почит.

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
09.08.2013 во 08:20:54

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби, ќе добиете одговор во најкраток рок.

Назад