Преглед на пријава #2247



Пријава
19.07.2013 во 23:52:22

Поцитувани,имам еден проблем,кој и не е само мој,туку е од опст интерес на сите грагани,непосредно на сите мои комсии,како и на сите уцесници во сообракајот. Јас зивеам непосредно од десната страна на магистралниот пат Струмица-Бугарија некаде на средината помегу нокниот бар ПЕПИ и центарот на селото.Во мојата кука се наога гостилницата ПИКСИ. Проблемот е всусност во 3 дрвја /диви ореви/ кои се доста широки и се во висина од 7-8 метри и кои треба целосно да се отсранат /исечат/. Дрвјата се наогаат непосредно до мојата куќа а се наогаат пред куката и објектот на мојот комшија Колев Ристо.Тие се надвор од неговиот имот /на јавна површина/ кој е заграден со бетонски зид и се веднаш до селската вада за одводнуванје. Штетите и опасностите од тие дрвја се повеќекратни. - дрвјата се доста кршливи,се надвиснуваат над целата десна страна на коловозот и пред мојата куќа и постојано има лисја и гранки на магистралниот пат и во комшиските дворови.Во комшилукот има 5 дукани а сопствениците постојано се залат од лисјата и гранките. - дрвјата ја загрозуваат и безбедноста на сообракајот бидејки знацително ја намалуваат видливоста на патот кој има и блага кривина на десно а патот е премногу фреквентен па повеќе пати тука се имаат слуцувано и сообракајни незгоди. - лисјата предизвикуваат влазност и клизавост на патот кое е опасно за моторните возила како и за децата кои одат на училиште и се двизат по тротоарот кој е од истата страна на патот. - дрвјата со лисјата,големите цветови и гранките ја запушуваат и селската вада која минува покрај нив и ја спречува атмосферската вода во своето течение кое е од големо значенје особено при обилните доздови и многу помага за да не се поплават нашите дворови. - тие исто така сметаат и на високите товарни возила кои кршат гранки од дрвјата а од тоа мозе некој и да настрада. - пречат исто така и на сите каблови кои поминуваат тука /за струја,телефон,кабелска/на кои мозе да настане стета, - од гранките кои се кршат особено при посилен ветар,ми пагаат пред куќата и ми ги загрозуваат излогот,вратите и прозорците, Многу пати имаме реагирано до мојот комсија,иако дрвјата и на него мозат да му наштетат и да му ја искинат церадата на неговата сенка на која се допираат гранките,тој како да се изживува со сите нас и намерно не превзема нисто.Не си ги отстранува ни гранките пред него.Сето тоа можете да го констатирате на лице место. Бидејќи имам доверба во Вашата служба која и ја поздравувам,Ве молам во најкраток можен рок дрвјата целосно да ги отстраните,а за ваквата Ваша активност сите многу ќе ви бидеме благодарни. Со почит,

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
22.07.2013 во 07:57:55

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби, ќе добиете одговор во најкраток рок.

Назад