Преглед на пријава #2173



Пријава
02.07.2013 во 15:44:58

Почитувани, пред некое време екипите на водовод имаа помал зафат на ул."Партизанска" бр.9, но проблемот сеуште не е решен имено се работи за сливник во кој би требало да истекува атмосферската вода, но наместо тоа водата истекува во мојот двор пробивајќи го и потпорниот sид. Ве молам да најдете решение и да интервенирате по истиот проблем Однапред благодарам.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
25.07.2013 во 10:33:44

Почитувани, Ве известувам дека наша екипа беше на лице место при што е увиден проблемот. Се работи за каналска решетка поставена на ул. Неретва од која водите делумно протекуваат преку потпорниот ѕид. За санирање на решетката потребно е дополнителна интервенција која ќе биде извршена до 15.08.2013.год. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад