Преглед на пријава #1925



Пријава
26.03.2013 во 15:14:44

Почитувани! Пријавувам потреба од поставување на нова светилка, поточно бандера за осветлување на раскрсницата помеѓу ул.Моша Пијаде и ул.11-ти Октомври. Тоа од причина што во близина на самата раскрсница нема ниту една бандера-осветление, односно најблиската е на оддалеченостѕ од околу 20м, а во моментот тротоарот на ул.11-ти Октомври спрема Градскиот парк,пред раскрсницата не е поставен, па поставувањето на ново осветление не бара некои дополнителни трошоци. Доколку стручни лица се одлучат за друга варијанта за поставување нова бандера за осветлување, во тој случај ќе треба да се вадат бекатон плочките од тротоарот. Мислам дека новото осветлување е потребно, бидејќи вечерно време на раскрсницата се случуваат сообраќајки, ООУ Сандо Масев и Гимназијата се близу, а воедно и новоизградените згради во кругот на касарната ја зголемуваат фрекфенцијата на сообраќајот со што учениците и пешаците поради слабо осветлената раскрсница се доведуваат во опасност по животот и телото,како и другите учесници во сообраќајот. Со почит!

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
01.04.2013 во 11:42:18

Почитувани, Бидејќи се работи за пријава од инвестиционен карактер потребно е да се достави писмено барање до општината, за да се направи проценка од страна на стручните лица каде да биде лоцирана и слично. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад