Преглед на пријава #1889



Пријава
13.03.2013 во 15:00:51

Поздрав до систем 48.Ние станарите од зграда бр.23 на Благој Јанков Мучето, Би сакале да знаеме зошто новите клупи што се поставени на шеталиштето не се ставени на нивните првобитни места - на местото на старите клупи т.е во конкретниот случај не поставија клупа пред нашата зграда бр.23, каде што претходно беше старата клупа туку поставија клупа во близина на втората зграда, каде што претходно немаше клупа како што е случај и со некои од клупите од спротивната страна. Ве молиме ако можете да пренесете на надлежните служби, да биде поставена клупа пред нашата зграда бр.23. Чекаме на што побрз одговор и образложение.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Урбана опрема
Одговор
20.03.2013 во 15:27:36

Почитувани, Од страна на стручните екипи добивме одговор дека: Сега за сега ситуацијата со клупите ќе остане вака, додека не се најде соодветно решение за поставување на уште една клупа на локацијата која Вие ја наведовте. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад