Преглед на пријава #1848



Пријава
05.03.2013 во 12:38:43

Почитувани, би сакале да Ве прашаме до кога е рокот за доставување на барањата за утврдување на штетите од поплавите и каде се доставуваат.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Контакт со оператор
Одговор
05.03.2013 во 12:44:01

Почитувани, Сите граѓани на територијата на Општина Струмица кои имаат претрпено штети од поплавите треба да поднесат барања до општинската администрација за да може комисиите кои веќе се на терен да извршат проценка на штетите, рокот на доставување е до крајот на овој месец, сепак во интерес на граѓаните е барањата да се достават во текот на овие денови за побрза интервенција на комисиите. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад