Преглед на пријава #18153



Пријава
02.04.2026 во 14:57:07

Почитувани, Се обраќам повторно во врска со претходната пријава (бр. #18022) за улицата Атанас Јанев, за која до денес нема никаква реакција на терен. Сакам да нагласам дека на оваа локација воопшто не постои улично осветлување, а жителите редовно плаќаат ставка за јавно улично осветлување во сметките кон EVN. Ова отвора сериозно прашање за оправданоста на таа наплата, со оглед дека услугата реално не е обезбедена. Состојбата на улицата е дополнително влошена поради тековни градежни активности, при што коловозот е покриен со наслаги од кал и нечистотија, што го отежнува нормалното движење. Исто така, отпадот кој претходно беше пријавен сè уште не е отстранет. Ве молиме за конкретен одговор и итна постапка, како и информација кога точно може да се очекува решавање на проблемот. Со почит, Васил Поповски

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
02.04.2026 во 17:29:24

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби,се надеваме на одговор во најкраток рок.

Назад