Преглед на пријава #18022



Пријава
25.02.2026 во 21:55:55

Почитувани, Живеам на ул. „Атанас Јанев“ бр. 17 во Струмица и сакам да пријавам повеќе проблеми со кои секојдневно се соочуваме жителите на оваа улица. На улицата нема соодветно улично осветлување, што претставува сериозен безбедносен ризик, особено во вечерните часови. Дополнително, нема уреден и безбеден простор за пешачење, односно тротоар, што создава потешкотии за движење на бремени жени, родители со детски колички, како и за децата и повозрасните лица. Исто така, возилата се движат со голема брзина, без соодветна сообраќајна регулација (лежечки полицајци, сообраќајни знаци или друга сигнализација), што дополнително ја загрозува безбедноста на жителите. Спроти зградата во која живееме има и поголема количина отпад, што претставува еколошки и здравствен проблем и остава лоша слика за околината. Ве молиме да ги разгледате овие проблеми и да преземете соодветни мерки за нивно решавање во најкус можен рок.

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
26.02.2026 во 14:25:17

Почитувани, Вашата пријава која е за повеќе одделенија на надлежните служби ќе биде поделена и секоја ќе биде проследена до секој одговорен на надлежните служби,па се надеваме дека ќе добиеме одговор во најкраток рок. Со почит Систем 48

Назад