Преглед на пријава #1769



Пријава
12.02.2013 во 14:01:28

Почитувани, имаме забелешка во уредувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација како и поставувањето на сообраќајните знаци, бидејќи со новата патна ифраструктура безбедноста во сообраќајот значително се влоши со измените во истата од едносмерни во двосмерни и т.н. сметаме дека не функционира и бараме да се врати стариот начин бидејќи имаме проблем со овие според нас не практични решенија. Ве замолуваме доколку сте во можност да реагирате а воедно и да корегирате на ул."4 Јули" со ул."Васил Сурчев", со ул."Братство Единство".

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Сообраќајна сигнализација
Одговор
27.02.2013 во 14:19:39

Почитувани, Ве информираме дека од страна на надлежните служби го добивме следново: Во режимот на соораќајот на крстосница ул."Васил Сурчев" и ул."4 "Јули" е регулиран согласно "Сообраќајна согласност" од СВР - Струмица од 29.11.2012год. Постојаните паркинг места се отстранети поради тоа што на дадениот потег односно во зона.1 и блок.1, според урбанизам располага со 450-500 паркинг места и потребни површини за достава на стока. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад