Преглед на пријава #1755



Пријава
07.02.2013 во 15:11:44

Почитувани, Ви пишувам повторно, зашто проблемот со ударната дупка на ул."Бел Камен" бр.34, сеуште не е решен, информирани сме дека улицата ќе биде асфалтирана во наредниот период и тоа е во ред, но би сакал да Ве замолам доколку сте во можност повторно да реагирате до екипите задолжени за тампонирање односно привремена санација на ударни дупки, да превземат нешто и истата да биде пополнета со шлунак, за да може слободно да се движиме по улицата. Однапред благодарни.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
08.02.2013 во 16:09:17

Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека: Во текот на денот наша екипа ќе изврши пополнување на ударната дупка.Сепак трајно решение на овој проблем ќе има после асфалтирањето на оштетената асфалтна површина. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад