Преглед на пријава #17230
Пријава
01.07.2025 во 13:29:06
Почитувани, Добар ден. Ние, жителите на село Габрово, се обраќаме со искрена загриженост за состојбата во која се наоѓа нашето населено место. Иако формално припаѓаме на Општина Струмица, за жал, веќе подолг период не добиваме никаква институционална поддршка – ниту во делот на одржување на патиштата, ниту во уредување на јавните површини. Сами, со сопствени средства и труд, ги одржуваме краевите и пристапните патишта, што не е ниту лесно, ниту правично. Дополнително, водопадите во нашето село, кои имаат голем туристички потенцијал, се оставени на забот на времето – непристапни, неуредени и запуштени. Наместо да претставуваат атракција и можност за развој, денес се обраснати, затрупани со отпад и целосно заборавени. Сметаме дека Габрово заслужува еднаков третман и фер распределба на општинските ресурси – исто како и сите други села во општината. Доколку сме дел од Општина Струмица, очекуваме соодветна грижа и внимание. Во спротивно, логично се поставува прашањето: дали постоиме само како бројка во статистика и алатка за пополнување на буџетот? Затоа, ве замолуваме најитно да преземете конкретни мерки: Чистење и уредување на просторот околу водопадите;-ЈПКД Комуналец Тампонирање или поправка на главните пристапни патишта;-Урбанизам Редовно одржување на јавните површини и канали;-ЈПКД Комуналец Зголемено присуство на локалните служби и воспоставување редовна комуникација со жителите. Со почит, Жителите на с. Габрово.
Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
01.07.2025 во 18:29:50
Почитувани, Вашата пријава е прослдена до надлежните служби,ќе добиете одговор во најкраток рок.
Назад