Преглед на пријава #1665



Пријава
03.01.2013 во 16:23:35

Поздрав до систем 48. Би сакала да пријавам во име на станарите од зграда бр.23 на ул. Благој Јанков Мучето за смена на старата дотрајана со скапано дно канта со нова поради неможност за понатамошно нејзино користење а со самото тоа сметот се расфрла по улицата и се нарушува угледот на централното градско подрачје.Поздрав од станарите и очекуваме истата да биде заменета со нова во најкраток временски период.

Статус: Решено
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
17.01.2013 во 10:39:56

Почитувани, Од страна на надлежните служби, добивме одговор дека: Кантите за смет од горенаведената локација се земени од екипа на ЈПКД "Комуналец" Струмица, истите се поправени и вратени. Бидејќи во моментот немаме добиено канти за смет не сме во можност да доставиме нова, но штом добиеме ќе извршиме замена. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад