Преглед на пријава #1551



Пријава
29.11.2012 во 10:44:18

Повеќе граѓани од ул."Младинска" со ул."Ѓорѓи Василев" поточно во непосредна близина на ОУ'Никола Вапцаров'имаме предлог до Вас и се надеваме дека истиот ќе биде прифатен, доколку пак не би Ве замолиле за решение на овој проблем,бидејќи оваа раскрсница е премногу фреквентна и најголем дел од минувачите се деца Ве молиме за мал кружен тек доколу има услови за тоа доколку пак не сообраќајни знаци за решавање на проблемот.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
04.12.2012 во 17:23:58

Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Вашиот проблем од страна на надлежните служби добивме одговор дека: На раскрсницата помеѓу ул."Младинска" со ул."Ѓорѓи Василев",нема услови за поставување на нов кружен тек, но проблемот би се решил доколку се постави хоризонтална сигнализација на коловозот STOP на приодите од ул."Ѓорѓи Василев" и тоа во најкраток можен рок. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад