Преглед на пријава #15008



Пријава
08.06.2023 во 13:39:52

Почитувани, На улицата Младинска, каде се приклучува улицата Тимо Тренчев има дупка која сериозно го отежнува движењето на возилата, посебно за време додека врне дожд, кога се полни со вода и не може да се примети, а со тоа и има голема можност да си ги испокршиме колите поминувајќи од тука. Ја молиме општината да ги преземе потребните мерки истата да се поправи во најбрз можен рок. Поздрав и секое добро.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
09.06.2023 во 20:34:50

Почитувани, Во фаза на потпишување на договор сме после јавната набавка за крпење на ударни дупки. Наведената локација ќе биде ставена на првиот работен налог до Изведувачот на работите за крпење на ударни дупки во општина Струмица. Со почит Систем 48

Назад