Преглед на пријава #14458



Пријава
18.10.2022 во 14:51:26

На улица Мирче Ацев, на коловозната површина,од страна на жител на улицата, има изградено пристапна рампа од бетон со челична арматура. Бараме да се изврши надзор од градежен инспектор, и да се превземат соодветни мерки за отстранување на градбата, која го згрозува безбедното одвивање на сообраќајот на улицата и претставува потенцијална опасност по сите учесници во сообраќајот на улицата.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
18.10.2022 во 17:44:31

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:Како група граѓани треба да поднесете барање до Архива во Општина Струмица,за да извршат увид градежните инспекции служби,и да се превземат соодветни мерки за отстрнување на градбата во која вие објаснувате. Со почит Систем 48.

Назад