Преглед на пријава #13349



Пријава
10.08.2020 во 03:26:27

Почитувани! Ние станарите од зграда бр.23 на ул.Благој Јанков-Мучето во Струмица имаме проблем со поплавување на нашето дворно место после секој пороен дожд. Имено, дел од атмосверските води од ул.Благој Јанков-Мучето наместо да течат и да се слеваат во канализационата шахта, течат во зелениот појас и го поплавуваат нашиот двор кој е 40-50 цм на пониско ниво од споменатата улица. Ова се случува бидејќи заштитната банкина од улицата Благој Јанков-Мучето во должина од 2-3 метри е целосно откорната. Оштетувањето на заштитната банкина се наоѓа пред влезот на зграда бр.23 т.е на само неколку метри на страната на кафе "Babylon". Сметаме дека поправката на заштитната банкина претставува многу мал зафат кој не бара посебен финансиски издаток. Со оглед на фактот дека се работи за јавен пат (градско шеталиште), ние станарите од зграда бр.23 немаме надлежност сами да се организираме и да го решиме проблемот па затоа се обраќаме до надлежните локални служби од општина Струмица за да ги запознаеме со проблемот и да побараме негово решавање. Се надеваме на разбирање и позитивна реакција. Со почит!

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
24.08.2020 во 15:46:27

Почитувани,Вашата пријава е проследена до надлежните служби,ќе добиете одговор во најкарток рок.

Назад