Преглед на пријава #13233



Пријава
08.07.2020 во 19:31:04

Почитувани, Оштетен е асфалтот при изведување на градежни работи (поставување на гасоводна мрежа) по цела должина на влезот на бензинската станица во сопственост на Макпетрол АД Скопје-Струмица на ул.Гоце Делчев бр.115 Струмица. Со надеж дека оваа пријава ќе ја разгледате и по остата брзо ќе интервенирате од причина што имаме поплаки од наши потрошувачи кои ги оштетуваат сопствените возила, однапред Ви благодарам. Со почит,

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
09.07.2020 во 19:22:06

Почитувани По пријавата од ваша страна за оштетен асфалт на влезот на бензинската станица во сопственост на Макпетрол АД Скопје-Струмица на ул.Гоце Делчев бр.115 Струмица, извршивме увид на лице место при што го увидовме оштетениот дел од асфалтот од градежните работи кои од наша страна беа изведени во 2011 година. Бидејќи во овој период не е планирано асфалтирање, а оваа количина е мала оштетениот дел ќе го санираме времено, се до моментот кога ќе имаме потреба од поголеми количини за асфалтирање.

Назад