Преглед на пријава #13208



Пријава
03.07.2020 во 09:27:43

Почитуван Градоначалник, Ви се обракам лично и од името на група загрижени граѓани од О.Струмица, кои почесто рекреираме и сме љубители на зеленилото и природата и досега сме биле сведоци на немили глетки и настани. Имено, се работи за ул. „ Бетовенова “, поточно првите 5-6 куќи на асфалтираниот пат кон Цареви кули (патот кон лозињата). Жителите од оваа т.н. населба, секојдневно ја сечат нискостеблестата шума и работат на соборување и поткопување на ридот со цел да обезбедат поголем простор за дворно место, а на местото на малите вили има изградено куќи од 2 спрата и продолжуваат со градење ( претпоставувам без одобрение за градба ) и оградување на поголеми површини за дворни места . Честопати од паркираните коли на патот нема место да се разминеме и го доведуваме нашиот живот во опасност, бидејки оградите на дворовите и куќите им се залепени на самиот асфалт, а да не зборуваме за сметот и градежниот шут кој го фрлаат надвор од двата контејнери поставени на почетокот на улицата. И по повеќе пријави до Вашите инспекциски служби, на гореспоменатите граѓани кои се декларираат „ блиски до власта “ никој не ги запира и бесправното градење продолжува секојдневно. Почитуван Градоналачник, дали ке дозволите и оваа место да стане голема населба со бесправни објекти и ќе им дозволите ли на истите да се однесуваат како законите да не важат за нив ? Ве молам да ми одговорите дали гореспоменатите градби имаат добиено решение за утврдување на правен статус и дали имаат издадено одобрение за градба. Доколку не бидат преземени мерки од ваша страна, ќе се обратиме до Државниот испекторат и МВР – СВР Струмица. Ве молам доколку сте во можност одговор да ми испратите по елекронски пат. Со почит, Трајче Христов

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
03.07.2020 во 16:28:21

Почитуваним, Вашата пријава е проследена до надлежниоте служби,ќе добиете одговор во најкраток рок.

Назад