Преглед на пријава #12648



Пријава
11.12.2019 во 21:31:12

Почитувани! Со последната поделба на мали пластични контењери за депонирање на комунален смет, ние станарите од зградите со бр.23, 25 и 27 лоцирани на ул.Благој Јанков-Мучето бевме изоставени од непознати причини. Комуналниот смет го депонираме во три стари мали контењери (еден пластичен и два лимени, без поклопци и во лоша состојба)поставени на ул. Благој Јанков-Мучето, наспроти нашите згради.Наведените контењери за депонирање на смет ги користат и работниците од ЈПКД Комуналец кои ја метат улицата, граѓаните кои се шетаат по улицата но и блиските угостителски објекти.Контењерите често пати се превртени од кучиња но и од луѓе кои во ноќните часови пребаруваат по нив, па истурениот комунален смет претставува многу лоша слика за делот од градското шеталиште, непосредно пред нашите згради. Имајќи го во предвид наведеното, бараме ЈПКД Комуналец да ги повлече трите стари и дотраени контењери, а нас станарите од зградите со бр.23, 25 и 27 да не задолжи со три нови мали пластични контењери (по еден за секоја зграда е доволно бидејќи во секоја зграда живеат само по пет семејства). Новите контењери ќе бидат поставени во нашето дворно место, а ќе бидат изнесувани за празнење во деновите кога ЈПКД Комуналец врши собирање на комуналниот смет. Се надеваме дека ЈПКД Комуналец од Струмица сериозно ќе го разгледа нашево барање и нема да прави исклучоци (нерамноправност помеѓу граѓаните)при поделбата на нови контењери за депонирање на комунален смет, бидејќи и ние добиваме и плаќаме месечни фактури за извршените комунални услуги. Со почит!

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
12.12.2019 во 16:32:19

Почитувани, Вашата пријава ќе биде проследена до "ЈПКД Комуналец"Струмица,собирање смет се надеваме дека ќе добиеме одговор во најкраток рок.

Назад