Преглед на пријава #12594



Пријава
20.11.2019 во 13:33:29

Почитувани, Ве молиме за интервенција од Ваша страна за несовесно палење на пластика гуми и други материи од кои се шири непријатна миризба и доага до загадување на воздухот на патот на ул."Климент Охридски"наспроти Терминалот поточно пред бензинската пумпа на Макпетрол.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
20.11.2019 во 20:35:46

Почитувани Во врска со Вашата пријава која се однесува за несовесно палење на пластика гуми и друг материјал на локација наспроти Терминалот пред бензинската пумпа на Макпетрол , Ве известуваме дека одма во истиот момент околу 13 часот комуналниот инспектор има излезено на лице место но во тој момент за 15 мин. немаше ништо констатирано од Вашата пријава , контролата продолжува и понатаму.Ви балгодариме за користење на Систем 48. Со почит

Назад