Преглед на пријава #11951



Пријава
28.02.2019 во 15:39:05

Почитувани, По барање на повеќе граѓани од транзитниот пат што имаат фирма за отпад на стари автомобили спроти Рутето автомеханочарот газдата од тој објект несоодветно гори пластика и други работи и во моментот гори, има непријата миризба и доаѓа до загадување на воздухот.Затоа ве молиме како граѓани на Општина Струмица да се реши овој проблем.Однапред ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
06.03.2019 во 18:20:34

Почитувани Воврска со добиената пријава до Градоначалникот од 28.02.2019 год која се однесува за горење пластика и непријатана миризба за спроти Рутето на ул. Климент Охридски, Ве известуваме дека на ден 06.03.2019год. Комуналната инспекција во рамките на своите овластувања има извршено увид, констатирано е во моментот дека нема горење пластика и непријатна миризба. Воедно Ве известуваме дека секојдневните контроли од наша страна ке продолжат и понатаму. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад