Преглед на пријава #11814



Пријава
31.01.2019 во 14:26:38

Почитувани, По барање на повеќе граѓани од транзитниот пат што имаат фирма за Старо Железо газдата од тој објект несоодветно гори каблови и во моментот гори стар камион, има непријата миризба и доаѓа до загадување на воздухот.Затоа ве молиме како граѓани на Општина Струмица да се реши овој проблем.Однапред ви благодариме.

Статус: Решено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
01.02.2019 во 20:19:59

Почитувани, Во врска со добиената пријава од Ваша страна која се однесува за загадување на воздухот во општина Струмица Ве известуваме дека на ден 01.02.2019 год околу 10 часот извршена е контрола од страна на Комуналниот инспектор и инспекторот за животна средина при општина Струмица, имаат затекнато неправилност односно како физички лица горат кабли покрај реката Тркања и изречени се четири прекршочни пријави против сторителите.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад